РК Еурофарм Пелистер е посилен за уште еден репрезентативец на Македонија. Од сезоната 2022/23 дресот на битолскиот клуб ќе го носи репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски. Овој ракометар се враќа во македонското првенство по настапите за Штутгарт во Бундеслигата. 31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона. Пешевски е роден во Скопје …