Пред утрешниот прв натпревар на Европското првенство против Словенија свој коментар имаше и Жарко Пешевски.
За брифингот со новинарите Пешевски истакна посебно важен е првиот меч кој утре го играме со Словенија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секој натпревар за нас почнувајќи од Словенија е посебен за нас, секој натпревар е ново докажување. Ќе се држиме до планот, јас сум еден од оние кои последни се приклучија на репрезентацијата. Ние живееме за тој прв натпревар и ова Европско првенство. Сакаме да се покажеме во едно позитивно светло и да ги израдуваме нашите навивачи. Ќе играме со срце и ќе одиме на добар резултат со секој противник“, изјави Пешевски.
Натпреварот со Словенија го играме утре од 18:00 часот.