Дома Македонски спорт Мак ракомет Големо засилување во Битола: Пешевски потпиша за Еурофарм Пелистер!

Големо засилување во Битола: Пешевски потпиша за Еурофарм Пелистер!

РК Еурофарм Пелистер е посилен за уште еден репрезентативец на Македонија.

Од сезоната 2022/23 дресот на битолскиот клуб ќе го носи репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски. Овој ракометар се враќа во македонското првенство по настапите за Штутгарт во Бундеслигата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона. Пешевски е роден во Скопје на 11 април 1991 година, а во својата кариера настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт.

Во дресот на националната репрезентација е од 2013 година и континуирано настапува на пивотменската позиција.

Пешевски е шесто ново име во Еурофарм Пелистер за сезоната 2022/23. Претходно нашиот клуб ги доведе Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери и Дмитри Васиљев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…