Екипата на Гостивар активно работи на засилувањата за вториот дел од сезоната. Вчера овој тим потпиша договор со Муарем Муарем, а денес ја официјализираа соработката со Енис Дервишин кој се враќа во клубот. Во редовите на Гостивар Енис доаѓа откако ја прекина соработката со Воска Спорт од Охрид. Предходно во кариерата го носеше дресот на Шкендија, Работнички и Тетекс.