Дома Фудбал Проблем за Тухел: Баерн ослабен во реваншот против Реал Мадрид

Проблем за Тухел: Баерн ослабен во реваншот против Реал Мадрид

Во среда на програмата во Лигата на шампионите е реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, а во овој натпревар германскиот гигант ќе биде ослабен.

Имено, тренерот Томас Тухел не ќе може да смета на левиот бек Рафаел Гереиро. Португалскиот фудбалер се повреди во натпреварот против Штутгарт за викендот кој Баерн го загуби со 3:1.

Лекарските прегледи покажале дека станува збор за посериозна повреда на коленото и вкрстените лигаменти.

Ќе потсетиме, првиот натпревар во Минхен заврши без победник, па во реваншот ниту една од екипите нема поизразите предност во битката за финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Растодер ја прекина гол-сушата, Македонија по поразот во Глазгов оди во бараж

Македонија загуби од Шкотска со 2-1 и остана без победа на 13 натпревари во низа. Голот на…