Дома Фудбал Кин: Халанд се однесува како разгалено детиште

Кин: Халанд се однесува како разгалено детиште

Рој Кин продолжи со медиумската расправија со Ерлинг Халанд. Легендата на Манчестер Јунајтед веќе некое време јавно го критикува напаѓачот на Манчестер Сити, кој понекогаш одговара на истиот начин. Спорот продолжи со коментарите на Кин по натпреварот Сити против Вулверхемптон.

Халанд одигра одличен натпревар против Вулверхемптон и придонесе со четири гола во победата од 5:1. Кога Пеп Гвардиола го испрати на клупата во 82. минута од натпреварот, тој реагираше луто, што Кин го прокоментира споредувајќи го Халанд со разгалено дете.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кин и претходно го навредуваше
“Неговата севкупна игра е многу слаба. Пред голот тој е најдобар во светот, но генерално е многу лош. Неговата игра е на ниво на играч од англиската четврта лига. Тој мора да се подобри во следните години и ќе се подобри, но мора да работи на тоа што е можно поскоро“, изјави тогаш Кин, а по натпреварот на кој Халанд постигна гол против Форест, додаде:

“Сега изгледаше како второлигаш. Многу се подобри! Што се однесува до квалитетите кои се потребни за голгетер, Халанд е апсолутно неверојатен, нема сомнеж за тоа! Кога сака да има влијание врз играта, мора да работи повеќе. Досега го имаше Де Брујне за свој слуга, но сега мора да научи да се снаоѓа сам“.

Одговорот на Халанд на сето ова беше: „Се е во ред, навистина не ми е гајле за тој човек“.

Кин сега повторно удри по норвешкиот напаѓач на Сити. Опишувајќи ја својата реакција откако беше заменет против Вулверхемптон, тој рече: „Ја видовме неговата реакција кога беше заменет, тој не беше среќен. Реагираше како разгалено детиште. Тоа се заборава затоа што тој дава голови, а Сити победува, но тоа не е во ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…