Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е честа мета на критики во јавноста поради големиот број на пропуштени можности во последните две сезони.
Не можеме точно да знаеме каде би бил Ливерпул доколку Дарвин ги реализираше повеќето од шансите што ги имаше откако пристигна на „Енфилд“, но можеме со сигурност да кажеме дека „црвените“ и денес би биле во конкуренција за титулата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уругвајскиот напаѓач беше платен астрономски 85.000.000 евра, а оваа сезона дефинитивно е нешто подобар, но тоа не е доволно. Прави многу повеќе добри работи, подобро комуницира со соиграчите, меѓутоа исто така и промашува во континуитет. Сепак, учинокот од 18 гола и 13 асистенции не може да се каже дека е лош. Меѓутоа критиките се бидејќи тие можеа да бидат повеќе со оглед на шансите.
Со заминувањето на Јирген Клоп, кој инсистираше на неговото доаѓање, постои можност клубот да реши да го продаде, а последниот гест на Дарвин, кој следеше по мечот со Тотенхем каде што исто така пропушти 100% шанса, можеби е некаква најава.
Имено, „деветката“ на Ливерпул од својот Инстаграм профил ги избриша сите фотографии во клупскиот дрес и остави само некои приватни од репрезентацијата на Уругвај.
Причината за ова може да се најде во многуте навреди што ги добива Дарвин за неговите промашувања, па оттука и неговата неодамнешна одлука да го исклучи делот за коментари.
Nunez has deleted all of his recent LFC related pictures pre November 2022 on his Instagram. pic.twitter.com/Fr8Z6Siqjt
— LFC Transfer Room (@LFCTransferRoom) May 5, 2024