На денешен ден пред точно 33 години, Димитар Илиевски – Мурато од Битола направи голем подвиг искачувајќи се на највисокиот врв во светот, Монт Еверест. Илиевски искачувањето го изведе од јужната страна на Еверест заедно со словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива. Учесници во експедицијата беа уште македонскиот алпинист Борче Јовчевски и водачот Јован Поповски. Димитар Илиевски за жал не го …