Дома Фудбал Коленото на Родри изгледа ужасно: Познато кога Шпанецот се враќа на теренот

Коленото на Родри изгледа ужасно: Познато кога Шпанецот се враќа на теренот

Родри(28), кој е освојувач на Златната топка, нема да игра до крајот на сезоната, откако кон крајот на септември ги скина вкрстените лигаменти на десното колено и моментално се опоравува по операцијата. Најдобриот фудбалер во светот беше опериран во Мадрид и сега го чека рехабилитација од најмалку шест месеци.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Треба да се врати во составот на Манчестер Сити за време на летните подготовки во 2025 година. На социјалните мрежи се појавија застрашувачки фотографии од коленото на Родри по тешката операција и може лесно да се забележи лузната од операцијата.

Шпанскиот репрезентативец една недела пред тешката повреда го критикуваше зголемувањето на бројот на натпревари по сезона поради последиците врз здравјето на играчите, но и врз квалитетот на играта. Родри минатата сезона одигра 50 натпревари за клубот и осум за репрезентацијата, со која го освои Европското првенство.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moќта на социјалните мрежи: Алиша Леман фудбалерка на сезоната – пет пати стартуваше и даде еден гол!

Алиша Леман, која има 27 години, ја доби титулата за најдобра фудбалерка на сезоната во Ле…