Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед блиску до првото засилување за Аморим

Манчестер Јунајтед блиску до првото засилување за Аморим

Раководството на Манчестер Јунајтед е во многу напредна фаза на преговори за левиот бек на Серо Портено, Диего Леон, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


17-годишникот оваа сезона забележа 19 настапи во домашното првенство и се смета за голем талент. Јунајтед за неговиот потпис ќе плати 4 милиони фунти, а агентот веќе пристигнал во Манчестер на финални преговори.

Токму левата зона беше приоритет на новиот тренер на тимот, Рубен Аморим, бидејќи има потреба од засилување во зимскиот преоден рок.

За Далот тоа не е природна позиција, а Масалија не е во добра форма и потребно му е време да се врати во оптималната кондиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…