Дома Останати Ракомет Дербито Пелистер – Вардар за најдобрите македонски судии

Дербито Пелистер – Вардар за најдобрите македонски судии

Викендов на програмата во македонската спортска јавност ќе се игра дербито помеѓу Пелистер и Вардар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од редовите на битолскиот клуб информираа дека билетите за ова дерби биле распродадени за само седум минути, а познати се и судиите.

Имено, натпреварот ќе го судат двајцата најдобри македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, контролори ќе бидат Марјан и Драган Начевски.

Во натпреварот Пелистер ќе сака да му се реваншира на Вардар за поразот во претходниот натпревар сезонава од 24:27.

По 14 кола Вардар и Алкалоид имаат по 26 бода, додека Пелистер на третото место е со два помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…