Бугарскиот тенисер, Григор Димитров во Шангај имаше инцидент во кој беше блиску да се степа со навивачи пред теренот. Димитров откако го победи Попирин се пробиваше низ толпата фанови, но во тие моменти еден од нив и го сопнал, па Бугаринот започна вербална расправија. Во тие моменти реагираше обезбедувањето и не дозволи да дојде до поголем конфликт.