Новиот второлигаш Воска кој ќе игра во Втората лига – запад сериозно се засилува пред стартот на сезоната. Вчера го промовираа Изаир Емини, а денес раководството на овој клуб го потврди трансферот на Енис Дервиши. Дервиши има 23 години и е дете на Шкендија, претходно настапуваше за Работнички, Гостивар и Тетекс. Тој за Воска ќе биде засилување во средниот ред. …