Денес во Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија. Екипата на Струга Трим Лум немаше баш најдобар ждреб и ќе мора да игра со Шкендија на гостински терен, сепак стружани ја гледаат својата шанса, посебно затоа што Шкендија не е на нивото од претходните години. „Ќе се соочиме со еден од најдобрите тимови во …