ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално признание од Светската шаховска федерација(ФИДЕ) за имплементирање на шах во училишната програма.
Kомисијата за шах во образованието која, е дел од ФИДЕ, го сертифицираше Јахја Кемал со златен амблем по спроведеното оценување на десет критериуми и активности коишто овозможуваат успешно имплементирање на шахот како дел од образовната програма.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Златната награда е доделена на ПСУ „Јахја Кемал” поради највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на шаховските настани со медиумска покриеност како и промоција на социјална инклузија, финансирањето на шахот преку училишниот буџет.
Одлично се оценети и предложените подобрувања како проширувањето на наставната програма за да вклучи интердисциплинарни пристапи, проширување на шаховските клубови за различни возрасни групи и способности за пошироко учество.
Образовната комисија за шах при ФИДЕ годинава додели над 20 признанија согласно оценетите критериуми за златна, сребрена и бронзена награда. Златниот амблем ПСУ „Јахја Кемал” го доби во конкуренција на шаховски школи од целиот свет и е единствен добитник на оваа награда на ниво на Балкан. Највисокото признание го дели со уште 13 шаховски школи од земји во кои шахот е бренд и доживува најголема експанзија на светските првенства, како на пример Индија,
Кина, а во ова друштво се и школи од САД, Шпанија, Бразил и други. Ова престижно признание од Светската федерација за шах за прв пат е доделено на училиште во Македонија, инаку шахот како предмет во ПСУ Јахја Кемал е воведен во 2008 година.