Дома Македонски спорт Мак фудбал Бојку: Ќе играме со еден од најдобрите тимови пред нивните навивачи, но ја гледаме својата шанса

Бојку: Ќе играме со еден од најдобрите тимови пред нивните навивачи, но ја гледаме својата шанса

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата на Струга Трим Лум немаше баш најдобар ждреб и ќе мора да игра со Шкендија на гостински терен, сепак стружани ја гледаат својата шанса, посебно затоа што Шкендија не е на нивото од претходните години.

„Ќе се соочиме со еден од најдобрите тимови во лигата на нивни терен и пред нивните навивачи, но секако дека и ние ја гледаме својата шанса. Се игра само еден натпревар, 90 минути. Тоа што ќе се соочиме со тим како Шкендија ни дава дополнителна мотивација“, изјави фудбалерот на Струга Бесмир Бојку.

Натпреварот како и останатите двојки се игра на 24. ноември.

Фото: ФК Струга

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …