Холандскиот гигант Ајакс реши да му врачи отказ на тренерот, Морис Стејн, кој пристигна во клубот пред само четири месеци. Меѓутоа, Ајакс е во една од најголемите резултатски кризи во својата историја и се наоѓа на долниот дел на табелата. Стејн ја напушта клупата на Ајакс по само 11 натпревари. Оствари само две победи, со четири нерешени и пет порази.