Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Данците огорчени: Дали ВАР го уништува фудбалот?📷

Данците огорчени: Дали ВАР го уништува фудбалот?📷

Данците беа огорчени од судењето на Англичанецот Мајкл Оливер на синоќешниот осминафинален меч против Германија. 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германија победи со 2:0, но Данците се убедени дека судиите ги фаворизирале домаќините.

Во 53 минута, по интервенција на ВАР, беше досуден пенал за Германија откако Јоаким Андерсен беше погоден во рака од топката од непосредна близина.

Две минути порано беше поништен голот на Андерсен за водство на Данска. Интересно, главниот судија овојпат ја пушти играта, па го призна голот, но го поништи по интервенцијата на ВАР.

Потоа со графика и анимација беше утврдено дека бил во недозволена позиција буквално само со врвот на копачката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Во Сити заработува милиони, а вчера ја шокираше јавноста кога видоа каков телефон носи

Манчестер Сити во финалето на ФА Купот кое се играше на Вембли успеа да го победи Челси со…