Џошуа Кимих ќе биде на летната трансфер листа на Баерн Минхен, тврди германски „Ску Спорт“.
Џошуа Кимих е заинтересиран за нова авантура, а бидејќи влезе во последната година од договорот, Баерн е спремен да го продаде ова лето за да не го загуби без пари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал се клубовите кои покажуваат најголем интерес, а Германецот е отворен за преселба во Премиер лигата.
Германските медиуми пренесуваат дека Баерн е подготвен да го ослободи за сума од 50 милиони евра.
Споменатите клубови се спремни да ја платат таа сума, па веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.
🚨 Manchester City, Liverpool and Arsenal are said to be the three English clubs interested in a move for Joshua Kimmich.🇩🇪 #MCFC #LFC #AFC
— Football Transfers (@Transferzone00) June 29, 2024
(via @mundodeportivo)