Легендата на Хрватска, Лука Модриќ, напиша кратка објава на социјалните мрежи која најверојатно навестува крај на кариерата во репрезентативниот дрес.
„Коцкастите“ беа елиминирани од ЕП уште во групната фаза,откако буквално во последната минута примија гол од Италија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Носејќи го овој дрес, ја почувствував најголемата радост и гордост во мојот живот. На ова европско вкусивме еден помалку убав дел од фудбалот, но гордоста да се игра за Хрватска не зависи од резултатите. Ви благодарам на сите за големата поддршка“, напиша 39-годишниот Модриќ, кој најверојатно ќе се прости од репрезентацијата.
🚨 Luka Modrić on IG: “Wearing this jersey I felt the moments of greatest joy & pride in my life. At this Euro we felt a less beautiful part of football, but the pride of playing for Croatia does not depend on the results. Thank you all for the great support.” pic.twitter.com/GOSKVTbkhR
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 29, 2024