Каталонскиот гигант Барселона денес официјално потврди дека се разделува со Жоао Феликс, Кансело како и Маркос Алонсо.
Жоао Феликс и Жоао Кансело беа на едногодишна позајмица, па иако имаа голема желба да останат сепак Барселона не постигна договор со Атлетико Мадрид односно Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да продолжат во клубот. Договорот на шпанскиот дефанзивец истекува на 30 јуни, а двајцата Португалци кои играа на позајмица ќе се вратат во нивните клубови. Барселона сака да им се заблагодари за посветеноста и верноста и да им посака успех во иднина“, соопшти Барселона.
Новиот тренер Ханси Флик сака да го задржи Кансело, па Барселона повторно ќе преговара со Манчестер Сити за евентуален трансфер.