Македонскиот фудбалер, Дарко Велковски повеќе не е фудбалер на Ал-Етифак објави саудискиот клуб. Разделбата ја потврди Ал Етифак на социјалните мрежи. „Ал Етифак потврдува дека го раскнува договорот со Дарко Велковски. Благодариме Дарко за придонесот во клубот“, стои во објавата. Засега не е познато каде Велковски би можел да ја продолжи кариерата.