Репрезентацијата на Македонија до 21 година не успеа да направи изненадување против европскиот шампион Шпанија. Нашите младинци денес запишаа пораз против Шпанците од 3:0. После двете победи и ремито со Казахстан за нас ова беше прв пораз во овие квалификации, додека Шпанија продолжи да биде перфектна со четири победи во исто толку натпревари со осум дадени и без примен гол. …
