Репрезентацијата на Македонија до 21 година не успеа да направи изненадување против европскиот шампион Шпанија.
Нашите младинци денес запишаа пораз против Шпанците од 3:0. После двете победи и ремито со Казахстан за нас ова беше прв пораз во овие квалификации, додека Шпанија продолжи да биде перфектна со четири победи во исто толку натпревари со осум дадени и без примен гол.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од самиот старт Шпанците покажаа дека ја сакаат победата и веќе во шестата минута преку Ману Гарсија стигнаа до предност.
Во продолжение следуваше една мирна игра во која Шпанците ја држеа топката, но не креираа некоја посериозна шанса.
На стартот од вториот дел Серафимов си постигна автогол за 2:0. Тука веќе стана јасно дека тешко ќе можеме да направиме изненадување против селекцијата која е актуелен европски шампион.
— Stefan (@StefanDaskalov) November 14, 2019
Конечните 3:0 ги постави Педроса на три минути пред истекот на регуларните 90 минути.