Mинатиот месец фудбалската репрезентација на Македонија испиша историја со пласманот на Европското првенство кое ќе се игра наредното лето. Македонија во Тблиси ја победи Грузија со голот на капитенот Горан Пандев. На ваков успех фудбалската јавност во земјава чекаше цели 26 години од првиот натпревар во Крањ. Напаѓачот Александар Трајковски смета дека Македонија има квалитет да биде изненадување на ЕП. …
