Сагата за евентуалната продажба на Антоан Гризман продолжува, бидејќи Барселона сака да се ослободи од Французинот. Трампата со Атлетико Мадрид пропадна во последен момент, но од „Камп Ноу“ се уште му бараат клуба на 30-годишниот напаѓач бидејќи сакаат да се ослободат од него. „Се обидуваме да ги балансираме финансиите, па поради тоа сме спремни да слушнеме понуди за Гризман“, изјави Лапорта. …