Заминувањето на Лионел Меси направи вистински хаос во Барселона.
Навивачите никако не можат да прифатат дека Меси си заминува, меѓутоа тоа е веќе потврдено од Барселона, а денес Лапорта ќе ја објаснува ситуацијата и зошто тоа се случи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Екипата денес продолжи со тренинзите, додека навивачите го изразуваат незадоволството пред „Камп Ноу“.
„Ти си виновен што Меси си оди, ти требаше да заминеш!“, викаа навивачите на Барселона.
Очигледно навивачите сметаат дека ако Гризман заминеше ќе се ослободеше буџетот доволно за Меси да остане, но Французинот одби да го направи тоа и остана во клубот.
Сега и не е толку важно кој и зошто е виновен, Барселона мора да продолжи без веројатно својот најдобар играч во историјата.