Полскиот тим на Висла Плоцк официјално потврди дека Вардар се засилува со јапонскиот ракометар Косуке Јашухира. Станува збор за ракометар кој има 23 години и кој пристигнува на едногодишна позајмица во обидот Вардар да се врати на тронот во македонскиот ракомет откако во минатата сезона шампионската титула заврши кај Еурофарм Пелистер. Минатата сезона Јапонецот ја помина во францускиот Ним, каде …