Во Скопје вчера се играше ракометното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кое заврши со победа од четири разлика (24:20) на двократниот европски шампион.
Од МВР во својот полициски билтен денеска информираа дека едно лице било приведено некаде пред крајот на средбата. Лицето било приведено поради прекршивање на законот за спречување на насилство и недостојно однесување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„На 09.04.2024 во 19.30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“,од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен С.А.(22) од Скопје поради сторен прекршок од Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.