Дома Фудбал Табелата пред последното коло во Лигата на шампионите: Манчестер сити е во зоната на испаѓање (Фото)

Табелата пред последното коло во Лигата на шампионите: Манчестер сити е во зоната на испаѓање (Фото)

Седмото коло од Лигата на шампионите беше комплетирано синоќа, па е позната состојбата на табелата пред последното коло кое ни гарантира спектакуларни натпревари.

Табелата ја предводи единствениот тим со сите победи, Ливерпул, додека без шанси за нокаут фазата останаа девет тима.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Покрај Ливерпул, само Барселона обезбеди директно премин во осмина финалето, а минимално плеј-оф осигураа и Арсенал, Астон Вила, Аталанта, Атлетико Мадрид, Баерн, Брест, Селтик, Борусија Дортмунд, Фејенорд, Интер, Јувентус, Леверкузен, Лил, Милан, Монако и Реал Мадрид.

Англискиот Манчестер Сити, хрватскиот Динамо Загреб и украинскиот Шахтјор опасно „висат“ на 25., 26. и 27. место кое значи крај на европскиот пат за оваа сезона, па во последното коло ќе се надеваат на чудо.

Сити игра дома против Клуб Бриж, Динамо игра дома против Милан, а Шахтар е гостин на Борусија Дортмунд, но дури ни победите во тие средби не им гарантираат премин понатаму бидејќи мораат да чекаат грешки од тимовите над нив.

Сити е во најдобра позиција бидејќи Клуб Бриж е еден од тимовите над нив кој може да испадне, па за Граѓаните победата скоро сигурно би обезбедила пласман во нокаут фазата. Но, имајќи ја предвид формата во која се наоѓа Сити оваа сезона, победата над Белгијците е се само не „црно бело“.

Динамо мора да го победи Милан и потоа да чека да се совпаѓаат две резултати од следните четири натпревари: Болоња мора да победи кај Спортинг, Јувентус мора да ја победи Бенфика, ПСЖ и Штутгарт не смеат да одиграат без победник, а Клуб Бриж не смее да загуби кај Манчестер Сити.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Араухо во Барселона до 2031 година

Роналд Араухо стави крај на сите шпекулации за неговата иднина и го продолжи договорот со …