Дома Фудбал Taткото на Јовиќ: Некој од горе гледа се, па тој нека суди

Taткото на Јовиќ: Некој од горе гледа се, па тој нека суди

Пред неколку дена вистинска бура во шпанските медиуми предизвика снимката на која Карим Бензема му зборува на Менди како треба Винисиус Жуниор да игра на теренот, освен нив редовна тема во Мадрид е и Лука Јовиќ.

Вредноста на Јовиќ многу падна за период 15 месеци и констатно се пишува за негово заминување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Случајот на Јовиќ е посебен. За 15 месеци, неговата вредност падна на 25 милиони евра од 60 милиони. Зидан не го сака, а постои и популарната изјава на Борха Мајорал“, пишува шпански „АС“.

Ќе потсетиме, Мајорал на претставувањето во Рома изјави дека Зидан не сметал на Јовиќ и дека сакал тој да биде продаден. Подоцна тој се правдеше дека не бил добро сфатен, меѓутоа јасно беше дека само кажа нешто што едноставно не требаше да излезе во јавноста.

Таткото на Јовиќ даде изјава по тоа што се случуваше во „кралскиот клуб“.

„Некој од горе гледа, па нека суди. Ние ги чекаме нашите пет минути, се надеваме дека ќе дојдат. Тоа можам да ви го кажам. Ми се јавија и од шпанските медиуми, но не смееме да даваме изјави“, кажа Милан Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…