ИПоранешниот прв човек на италијанскито фудбал, Карло Тавекио е убеден дека Италија нема да има многу проблеми против Македонија во полуфиналето од баражот за СП во Палермо.
Тавекио си замина од претседателската функција после минатиот мундијалски циклус во кој Италија б еше елиминирана од Шведска во баражот и останаа без настап на Мундијалот во Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се надевам на најдобри вести. Со Македонија не би требало да имаме проблеми, против Португалија и Турција ќе биде потешко. Ова е важна битка, но убеден сум дека ќе ги поминеме сите пречки и ќе се пласираме на Мундијалот“, изјави Тавекио.
Италија и Македонија ќе играат на 24. март во Палермо и ова ќе биде прв натпревар во Италија од почетокот на пандемијата во 2020 година кој ќе се игра пред полни трибини.