И трет турски клуб покажал интерес за македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ. Во претходниот период Јаховиќ се поврзуваше со Гресунспор и новиот второлигаш Пендикспор.
Сега интерес за Македонецот покажал Самсунспор, тим кој се наоѓа на седмата позиција во турската Суперлига, но се уште има шанса да се избори за плеј-оф и место во труската Суперлига без оглед како ќе заврши сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој тим сака да изград поконкурентен тим за идната сезона, а Јаховиќ наводно е една од нивните главни цели.
Веќе шест години Јаховиќ е дел од турскиот фудбал и двапати беше „бронзена копачка“ Суперлигата, а покрај два мандати во Гецтепе играше уште за Коњаспор, Јени Малатијаспор и Анталијаспор.