Според последните информации во трката за Мемфис Депај покрај Барселона се вклучиле трите италијански клубови Јувентус, Интер и Милан.
На трите италијански гиганти капитенот на Лион им е прималива опција затоа што неговиот договор со францускиот прволигаш истекува на лето. Сепак, се потенцира дека Барселона и понатаму е фаворит да го доведе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона минатото лето со сите сили се обидуваше да го доведе Холанѓанецот, но Лион не попушташе и бараше сума од 30 милиони евра што беше цена која Барселона не сакаше да ја плати. Освен тоа, Барселона никако не успеа да го продаде Осман Дембеле и не можеше да си дозволи да издвои толкава сума.
И оваа сезона Холанѓанецоти гра солидно и на 17 натпревари постигна осум гола и подели четири асистенции.