Дома Останати Tренерот на Барса: Ќе биде тешко, доаѓаме во домот на европскиот шампион

Tренерот на Барса: Ќе биде тешко, доаѓаме во домот на европскиот шампион

Македонскиот и европскиот шампион Вардар утре на домашен терен го игра дербито на колото во Лигата на шампионите, во Скопје гостува Барселона.

Пред овој натпревар стратегот на шпанскиот гигант, Чави Пасквал упати пофалби кон црвено-црните“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Доаѓаме во домот на тимот кој е европски шампион и знаеме дека нема да биде воопшто лесно. Пред нас сигурно е еден од најтешките натпревари во сезоната, иако сме на стартот. Веќе игравме против Вардар во Супер глоуб, победивме но не беше лесно. Натпреварите помеѓу Вардар и Барселона во последните години секогаш беа изедначени, така ќе биде и утре во Скопје“, истакна Пасквал.

Да потсетиме, натпреварот започнува утре во 17:30, а Вардар и Барселона се единствените два клуба кој сеуште немаат пораз во групата „А“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Селекторот на Германија првпат се оглааси за шокантната грешка со Србија: Такви работи скапо се плаќаат!

Селекторот на ракометната репрезентација на Германија, Алфред Гисласон, се огласи по сканд…