Александар Трајковски вчера се најде од првата минута на теренот против Лихтенштајн и во овој дуел кој Македонија го доби со 5:0 постигна два погодоци.
Затоа сосема заслужено Трајковски се најде во тимот на колото според „Sofascore“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Головите Трајковски ги постигна во второто полувреме и тоа набрзина во 51. и 53. минута, така практично го откажа Лихтенштајн дека може да направи некакво изненадување.
Ќе потсетиме и дека со овие голови Трајковски го помина Ѓорги Христов на вечната листа на најдобри стрелци во македонската репрезентација. Трајковски е на бројката од 18 гола и пред него е само Горан Пандев со 36 гола во националниот дрес.
