Дома Останати Ракомет Tрадицијата вели: Вардар оваа година ќе стане шампион на Европа!

Tрадицијата вели: Вардар оваа година ќе стане шампион на Европа!

Сезоната 2016/2017 за Вардар ќе остане запишана како сезона во која успеа да освои се што можеше.

Минатата сезона црвено-црните не ја освоија Лигата на шампионите, а оваа година не можат да го повторат успехот од таа историска година затоа што Металург вчера ги победи во финалето од Купот. Меѓутоа за оние суеверните навивачи во тоа има нешто позитивно.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во таа фантастична пролет во сезоната 2016/2017 само еден тим успеа да го победи Вардар. Погодувате тоа беше тимот на Металург! Тимот од Автокоманда тогаш успеа да го победи Вардар во плејофот од македонската Суперлига и тоа само неколку дена пред Вардар го обезбеди првиот трофеј таа сезона, СЕХА Лигата.

Од тој момент се до вчера Вардар не знаеше за пораз на домашната сцена. Неполни два месеци од поразот од Металург Вардар успеа да ја освои шампионската титула на Европа во Келн.

Меѓутоа традицијата не се поклопува само во ситуацијата со Металург.

Вардар на фајнл-фор турнирот во Келн и тогаш играше против шпанска Барселона, како и сега.

Овие причини сигурно се сосема доволни за суеверените навивачи да бидат убедени дека Вардар и оваа година ќе стане шампион на Европа.

Фајнл-фор турнирот оваа година ќе се игра на во Келн на 1-ви и 2-ри јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…