Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс нема намера да застане, а за да се одржува во топ форма троши и огромна количина на пари.
На сите им е јасно дека Леброн Џејмс е еден од спортистите кои водат огромна грижа за своето тело, но цифрата која годишно ја вложува е неверојатна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Деловниот партнер на Леброн, Маверик Картер откри дека „кралот“ на својата диета, тренинзи и се останато троши неверојатни 1.5 милион долари годишно.
Џејмс покрај личен тренер и има и структурна диета и рутина до која констатно се држи. Исто така користи криотерапија што не е ни малку евтино.
Ваквото вложување и тоа како се исплати на паркетот. Џејмс е неверојатен во март просечно забележува 31.5 поен, 9.7 асистенции и 9.8 скокови по натпревар, а неговиот Кливленд е во серија од пет победи во низа.
Mav Carter says LeBron James spends ~$1,500,000 per year on his body. He uses cryotherapy, hyperbaric chambers, NormaTec leg boots, etc. He also has personal chefs, trainers, etc. He has a strict routine and diet. He invested in his body, so he can still dominate at 33 years old.
— Alex Kennedy (@AlexKennedyNBA) March 24, 2018