Дома Топ вести Tрансфери во живо: Клоп ги расипува плановите на Венгер, Каталонија се „ТРЕСЕ“, Обамејанг одлучи…

Tрансфери во живо: Клоп ги расипува плановите на Венгер, Каталонија се „ТРЕСЕ“, Обамејанг одлучи…

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Екипата на Јувентус во финишот од преодениот рок ќе се обиде да ги комплетира трансферите на Балде Кеита од Лацио, Жоао Кансело од Лацио и еден од Рабиот или Матуиди. (ОВДЕ)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


– „Кралевите“ одлучија, ќе се обидат да до купат Килијан Мбапе ова лето, но тој би останал во Монако како позајмен фудбалер уште една сезона, после што би пристигнал во Мадрид.(ОВДЕ)

– Несудениот напаѓач на Јувентус, Патрик Шик е пред трансфер во Интер. „Нероаѕурите“ како и Јувентус ќе платат 30 милиони евра, договор е постигнат, остануваат само медицинските прегледи кои Чехот би требало да ги одработи наскоро.

– Медиумите во Шпанија на големо пренесуваат дека Фелипе Кутињо се договорил со Барселона. „Радио Барса“ пренесува дека се очекува трансферот да достигне сума од 95 милиони евра. 

– Играчот кој не е во прв план кај Масимилијано Алегри во Јувентус, Марио Лемина е пред трансфер во Саутемптон, „старата дама“ од оваа продажба се очекува да заработи 18 милиони евра.

Toмас Вермален после три години поминати во Шпанија би можел да се врати во Англија и тоа во редовите на Евертон. Да потсетиме, Вермален во Премиер лигата настапуваше за тимот на Арсенал.

– Баерн Минхен се вклучува во „трката“ за одличниот фудбалер на Тотенхем, Ерик Дајер, се очекува германскиот гигант за фудбалерот на „петлите“ да плати сума од 50 милиони евра. (ОВДЕ)

Кеита Балде и понатаму продолжува да ги одбива сите понуди. Одличниот напаѓач е цврст во одлуката да се пресели во редовите на Јувентус, клуб со кој ги договори личните услови. „Старата дама“ сега ја зголеми понудата на 20 милиони евра и плус пет како бонуси, но Лотито бара 30 милиони евра.

– Напаѓачот на Милан, Карлос Бака, го одби турскиот гигант Галатасарај. Колумбиецот сака само во редовите на Севиља.

– Бешикташ не застанува, откако во текот на вчерашниот ден беше официјализиран трансферот на Алваро Негредо, денес во клубот пристигна Џерејн Ленс од редовите на Сандерленд.

Пеп Гвардиола е спремен во Манчестер Сити да доведе уште еден дефанзивец и тоа оваа негова одлука веројатно изненади многумина. Во прашање е фудбалерот на Миделсброу, Бен Гибсон.(ОВДЕ)

– Поранешниот соиграч на Килијан Мбапе, Бернардо Силва кој премина во редовите на Манчестер Сити ја советува управата на англискиот клуб да го доведе Мбапе на „Итихад“.

– Интер ќе се обиде да го „украде“ планираното засилување на Јувентус, Жоао Кансело. „Нероаѕурите“ како силен адут во „раковот“ го имаат Жефри Кондобија, за кого тренерот на Валенсија, веќе покажа интерес.

– И покрај големиот интерес од Милан, како и кинеските клубови, Пјер-Емерик Обамејанг одлучи да остане во редовите на Борусија Дортмунд.(ОВДЕ)

– Откако Бернардо Силва ја советуваше управата на Манчестер Сити да го доведе Килијан Мбапе, сликата на Французинот на неговиот Твитер профил на која е заедно со фудбалерот на „граѓаните“ Лерој Сане, беше причина медиумите на големо да започнат да шпекулираат за иднината на фантастичниот фудбалер.(ОВДЕ)

– ПАДНА ДОГОВОР: Како и што најавивме утрово Фелипе Кутињо преминува во редовите на Барселона за сума од неверојатни 120 милиони евра. Бразилецот се очекува во текот на утрешниот ден да пристигне на медицински прегледи.(ОВДЕ)

– После договорот со играчот, екипата на Интер се договори со Борусија Дортмунд за трансфер на Емре Мор, фудбалерот се сели на „Џузепе Меаца“, а се очекува „милиониерите“ да добијат 12 милиони евра.

– Британските медиуми пренесуваат дека после Арсенал и тимот на Ливерпул се вклучил во трката за потписот на одличниот фудбалер на Монако, Тома Лемар.

– Новајлијата во Серија А, Беневенто, ќе испрати понуда за искусниот напаѓач Алесандро Матри. Овој Италијанец своевремно го носеше дресот на италијанските гиганти, Милан и Интер.

– Екипата на Ница го обезбеди потписот на Весли Снајдер, холандскиот ветеран се очекува во текот на денот да пристигне во Франција каде што ќе го комплетира трасферот.(ОВДЕ)

– Агентот на фудбалерот на ПСЖ, Јулијан Дракслер, денес беше фотографиран во Барселона. „Мундо депортиво“ пишува дека Роџер Витман пристигнал на преговори за каталонскиот гигант за иднината на својот клиент. (ОВДЕ)

– „Газета Дело Спорт“ пишува дека Милан испратил понуда до Торино од 70 милиони евра, плус Палета и Нианг, но истата била одбиена. Претседателот на „биковите“ им соопштил на „росонерите“ дека Белоти може да замине само за 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Општа тепачка на кошаркарски натпревар, претепан кошаркар🎥

Пријателскиот натпревар во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030 не го дочека својот крај…