Дома Топ вести Сега е ЈАСНО, ова е планот на Реал за Мбапе!

Сега е ЈАСНО, ова е планот на Реал за Мбапе!

Во текот на целиот преоден рок Реал Мадрид на големо се поврзува со Килијан Мбапе, но „кралевите“ имаат проблем, но Зидан изгледа дека пронајде решение.

Шпанскиот гигант одлучи, ќе се обиде да го купи Мбапе ова лето, но и да го убеди да остане во Франција уште една сезона.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Причината за ваквото сценарио е Герет Бејл. Имено, Зидан се сомнева дека може да ја контролира соблекувалната во која ќе има таква напаѓачка „четворока“ (Бејл, Бензема, Роналдо, Мбапе).

Познато е дека Велшанецот му се „пожалил“ на Лука Модриќ дека не гледа причина да останува клубот го доведе Мбапе кој значително би му ја намалил миутажата во тимот. Тандемот Бензема-Роналдо е недопирлив и тоа е јасно.

Но и покрај тоа, Реал не сака да го продаде Бејл ова лето, иако има интерес за брзоногиот напаѓач, пред се од Манчестер Јунајтед и Челзи.

„Гардијан“ тврди дека Бејл добил ветување дека Мбапе нема да биде доведен ова лето и дека има една година да го убеди Зидан дека заслужува да биде дел од првиот тим. Во спротивно, веќе идното лето би можел да се врати во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…