Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Куртоа стана „крал“, Игуаин му кажа ДА на Милан, Алисон на чекор од Ливерпул

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Куртоа стана „крал“, Игуаин му кажа ДА на Милан, Алисон на чекор од Ливерпул

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– На почетокот можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Усаин Болт конечно пронајде професионален фудбалски ангажман! Легендарниот спринтер и рекордер на 100 и 200 метри во наредните шест недели ќе добие проба во австралискиот клуб Централ Коаст Маринерс. (ОВДЕ)

– Официјално: Дејли Бинд го напушти Манчестер Јунајтед и се врати во редовите на Ајакс за сума од 16 милиони евра.

– „Скај Спорт“ пренесува дека Барселона е спремна да понуди одредена сума на пари плус Андре Гомеш во замена за услугите на Нголо Канте од Челзи

Давиде Оспина и Дени Велбек се очекува да го напуштат Арсенал во наредниот период.

– И покрај желбата на Мурињо изгледа дека Иван Перишиќ ќе остане член на Интер и наредната сезона (ОВДЕ)

Герет Бејл одржал разговор со луѓето во Реал Мадрид, наскоро се очекуваат повеќе информации во врска со неговото поврзување со Манчестер Јунајтед.

– Според последните информации екипата на Наполи е во секојдневен контакт со Реал Мадрид. Се преговара за потенцијалниот трансфер на Карим Бензема во тимот на Анчелоти.

– Според „Марка“, напаѓачот на Милан, Хрватот Никола Калиниќ во следните неколку дена ќе го комплетира својот трансфер во редовите на Атлетико Мадрид.

– Претседателот на Монако, Вадим Василјев потврди дека Монако испратил понуда за рускиот фудбалер, Александар Головин (ОВДЕ)

– Кристал Палас покажува интерес за фудбалерот на Борусија Дортмунд, Андре Шурле, се верува дека во целата зделка би можел да биде вклучен Вилвред Заха со кого „милионерите“ се поврзуваа и претходно, пишува „Билд“.

– Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез дополнително ги подгреа гласините за трансфер на Еден Азар. Тој изјави дека Азар би требало да размисли каде ќе ја продолжи својата кариера, со оглед дека во овој момент го игра најдобриот фудбал. Да потсетиме, Азар веќе подолго време се поврзува со Реал Мадрид.

– После вчерашната најава дека Интер би можел да тргне по потписот на Анхел Ди Марија, денес пристигнуваат нови информации според кои „неротаѕурите“ се сериозни и за потписот на Аргентинецот ќе се борат со тимот на , Атлетико Мадрид.

– Според турските медиуми, Вест Хем испратил понуда од 18 милиони евра за услугите на хрватскиот стопер, Домагој Вида.

– Од Островот пристигнуваат информации дека Џо Харт ќе отпатува на турнеата во САД со Манчестер Сити, а тоа би можело да значи дека Пеп Гвардиола ќе смета на него за следната сезона.

– Последните информации од Осторовот говорат дека Александар Головин се согласил на трансфер во Челзи, како и дека неговиот клуб ЦСКА ја прифатил понудата од „сините“ (ОВДЕ)

– Oфицијално: Вардар го Данило Бала кој е третиот Бразилец кој пристигнува овој преоден рок после Виктор Нилдо Јуво и Вилијан Лира (ОВДЕ)

– Според последните информации од Италија, Гонзало Игауин прифатил трансфер во Милан! (ОВДЕ)

– Eкспертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио пренесува дека  Ливерпул ја испратил првата официјална понуда за голманот на Рома, Алисон Бекер. (ОВДЕ)

-БОМБА: Реал Мадрид и Челзи постигнаа договор за трансфер на Тибо Куртоа. Белгиецот ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…