Дома Топ вести Сега и потврдено: Усаин Болт доби прилика да се докаже во професионалниот фудбал!

Сега и потврдено: Усаин Болт доби прилика да се докаже во професионалниот фудбал!

bolt

Најбрзиот човек на светот, Усаин Болт не се откажува од фудбалската кариера, конечно пронајде нов клуб.

Болт ќе се обиде да добие договор со клубот од австралиската прва лига, Централ Коаст Маринерс, каде што ќе биде прво на проба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јамајканецот веќе долго време бара фудбалски клуб, а не ја крие желбата еден ден да го облече дресот на славниот Манчестер Јунајтед. Во овој момент такво нешто изгледа невозможно иако одржа неколку тренинзи со Борусија Дортмунд.

31 годишниот светски рекордер на 100 и 200 метри ќе добие проба од шест недели после што клубот ќе одлучи дали ќе му понуди договор.

Освен тренинзите со Борусија Дортмунд, Болт одигра и пријателски натпревар за норвешкиот Стромгест против јуниорската селекција на Норвешка.

Да потсетиме, овој клуб претходно се обидуваше да го доведе Фернандо Торес, но не успеаа во таа намера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…