
Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим (25) го доживува можеби најубавиот период во кариерата – и приватно и професионално. Само неколку месеци откако стигна до полуфиналето на УС Опен, застана на „лудиот камен“ и се омажи со долгогодишната партнерка Нина Гаиби, која има хрватско-мароканско потекло.
Романтичната венчавка се одржа на почетокот од септември во Мароко и траеше цели три дена, а според Феликс, инаку 10. играч во светот, сè изгледало како сцена од филм за Џејмс Бонд.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
– Кога планирате венчавка, сакате тоа да биде настан за цел живот. И навистина беше така. Луѓе дојдоа од целиот свет, затоа славевме три дена. Беше магично, незаборавно. А знате она – среќна жена, среќен живот… и среќен маж – рече Алијасим за Tennis Channel.
Фотографиите од венчавката брзо се проширија на социјалните мрежи, а мнозина коментираа дека Феликс и Нина изгледале како холивудски пар.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!