Двојниот Гренд-слем шампион во двојки, Макс Пурсел, е суспендиран откако призна дека ги прекршил правилата.
Меѓународната агенција за интегритет во тенисот соопшти дека Пурсел признал прекршување на Членот 2.2 од антидопинг програмата во тенисот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Суспензијата стапи на сила на 12 декември и моментално нема да може да се натпреварува.
„За време на привремената суспензија, на Пурсел му е забрането да учествува, тренира или присуствува на било кој тениски настан одобрен или санкциониран од страна на членовите на ИТИА или било која национална асоцијација. Бидејќи постапката е во тек, агенцијата не е во можност да даде коментар додека таа не заврши”, соопштија од управата.