Дома Фудбал Судијата кој го исклучи Белингам не може мирно да спие – постојано добива закани!

Судијата кој го исклучи Белингам не може мирно да спие – постојано добива закани!

Судијата Хосе Луис Мунера Монтеро кој му покажа црвен картон на Џуд Белингам на натпреварот помеѓу Осасуна и Реал Мадрид ги исклучи коментарите на Инстаграм бидејќи преку оваа социјална мрежа почна да добива закани за убиство.

Да потсетиме, натпреварот заврши 1:1 по головите на Килијан Мбапе за Реал и Анте Будимир за Осасуна, која од 39. минута имаше играч повеќе откако беше исклучен Џуде Белингам.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Како што известува „Мундо Депортиво“, на Инстаграм на искусниот судија се појавија повеќе илјадници вербални напади насочени кон него. Во некои од нив имаше емотикони на „свињи и стаорци“, но некои содржеа и закани кон него и неговото семејство, поради што реши да ја исклучи можноста за коментари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Урнебесна реакција на германскиот гигант на дербито во Лигата на шампионите (Фото)

Денеска беа извлечени паровите за осминафиналето во европските натпреварувања, а секако на…