Дома Фудбал Судиската комисија во Шпанија со соопштението за поништиениот гол за Барселона предизвика циркус!

Судиската комисија во Шпанија со соопштението за поништиениот гол за Барселона предизвика циркус!

Атлетико Мадрид ја уништи Барселона со резултат од 4:0 на стадион Ванда Метрополитано во првиот натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп, но главната тема беше поништувањето на голот на гостите. Драмата не застанува бидејќи Судискиот комитет на Шпанија ја даде својата верзија за поништувањето на голот на Барселона.

Атлетико веќе во првото полувреме го реши прашањето за победникот и направи голем чекор кон финалето на Кралскиот куп.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во текот на првите 45 минути се постигнаа сите голови. Натпреварот започна во шестата минута со автогол на Ерик Гарсија, но за овој гол повеќе може да се обвини голманот Жоан Гарсија, на кој топката му избега под нозете.

Предноста на Атлетико ја удвои Антоан Гризман, а до крајот на првото полувреме мрежата на Барселона ја затресоа и Лукман и Алварез.

Сепак, главната тема во фудбалските кругови ширум светот е деталот од 52-та минута, кога Барселона постигна гол за 4:1.

Стрелец на голот за Барселона беше Кубарси, но тогаш се вклучи ВАР-системот и по осумминутен прекин, голот беше поништен поради офсајд, што предизвика скандал.

Многумина сметаат дека Барселона е оштетена и дека поништен е чист гол, а судиите во ВАР-собата направиле сериозна грешка.

Сепак, скандалот продолжува со изјавата на Судискиот комитет кој само дополнително ги комплицираше работите. Тие тврдат дека полуаутоматскиот офсајд систем не функционирал, па судиите сами ги „цртале“ линиите, што значи дека тие се единствените виновници за сè.

“Поради големиот број играчи кои беа вклучени во акцијата, технологијата за полуаутоматски офсајд беше преоптоварена и не можеше да биде користена. Судии во ВАР-собата рачно ги нацртаа линиите и нивен избор беше прикажаниот кадар”, стои во изјавата.

На фотографијата беше прикажано дека линијата минува низ ногата на Левандовски, кој последен ја играше топката.

Но, нивното објаснување е дека тој немал контрола над топката, но тоа не одговара на судиите бидејќи тие го користеле моментот кога играчот на Атлетико играше со топката, а ниту тој немал контрола над топката после ударот на Фермин.

Ако се гледа почетокот и ударот на Фермин, тогаш е јасно дека нема офсајд.

И покрај сè, на семафорот остана резултатот 4:0, и нема сомнеж дека драмата ќе продолжи, бидејќи сè уште се чекаат првите реакции од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германецот сака само во Реал, неговиот клуб одреди цена од 50 милиони евра!

Капитенот на Борусија Дортмунд Нико Шлотербек ја донесе својата одлука – ако ја напу…