Дома Фудбал Судир на навивачите и полицијата предизвика „пекол“ на „Маракана“ (Видео)

Судир на навивачите и полицијата предизвика „пекол“ на „Маракана“ (Видео)

Вистински хаос беше виден во Рио де Жанеиро, на легендарниот стадион „Маракана“, за време на реванш натпреварот од четвртфиналето на Купот Судамерикана меѓу домашниот Флуминенсе и аргентинскиот Ланус.

За време на полувремето, дојде до судир помеѓу навивачите на Ланус и бразилската воена полиција, што предизвика голема збрка на трибините и го одложи почетокот на второто полувреме за неколку минути.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според информациите од бразилската воена полиција, инцидентот започнал во секторот на гостинските навивачи, каде што избила тепачка меѓу самите навивачи на Ланус. Таа интерна караница предизвика паника, трчање и мешаница, поради што полицијата интервенирала за да ги раздели завојуваните страни и да воспостави ред.

Сѐ уште нема потврдени информации за повредени, но снимките и фотографиите од стадионот покажуваат напната атмосфера и присуство на голем број полицајци во секторот на аргентинските навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…