Дома Фудбал Судијата за утрешното „Ел Класико“ се расплака на прес-конференцијата: Го учам моето дете дека сум чесен човек! (Видео)

Судијата за утрешното „Ел Класико“ се расплака на прес-конференцијата: Го учам моето дете дека сум чесен човек! (Видео)

Рикардо Де Бургос Бенгоечеа, главниот судија на финалето на Купот на кралот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, и Пабло Гонзалес Фуертес, задолжен за ВАР, одржаа традиционална прес-конференција пред натпреварот во кој токму судиите ќе бидат во центарот на вниманието.

Од кога Реал Мадрид започна отворен конфликт со фудбалските судии во Шпанија, секоја одлука за делегирање на судија се гледа со сомнеж. Така беше и овој пат – веднаш штом беше објавено дека Де Бургос ќе суди во финалето, клупската телевизија на Реал, RMTV, објави видео со неговите наводни грешки на штета на Реал.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Двајцата судии одговорија остро. Не го прозваа само Реал поради тие видеа, туку и сите други кои со своето однесување, како што тврдат, дополнително ги поттикнуваат нападите на судиската организација. Нивните изјави беа полни со критики, а најавени се и сериозни промени. “Искрено, тие нивни видеа не ме интересираат. Нека прават што сакаат. Знам на што треба да работам и што ми е задача, сè друго не ме засега”, рече Де Бургос.

Гонзалес Фуертес беше поостар: “Повеќе од она што се зборува, нè загрижуваат последиците од тие зборови. На социјалните мрежи анонимни луѓе нè навредуваат и ни се закануваат без никаква контрола. Официјалните клупски профили постојано ја напаѓаат нашата професија.

Играчите и клупските соопштенија испраќаат порака дека не сме чесни. А потоа тоа фрустриран навивач го истура на момчето или девојката кои земаат свирче за да судат младински натпревар. Тоа е тоа што се случува кога ќе се нацрта мета на челото на колегата. За доброто на сите, време е да се вратиме на поздрав фудбал.”

Нагласи и дека судиите се на работ на трпение и дека наскоро следуваат конкретни мерки. “Чувствуваме дека никогаш не сме биле пообединети. Имавме неодамна состанок и одлучивме дека вака повеќе не оди. Ќе мораме да започнеме со сериозни чекори. Нема повеќе да толерираме што се случува. Наскоро ќе видите за што станува збор. Тоа ќе биде историски, бидејќи повеќе нема да го толерираме она што го толерираме досега”, рече тој.

“Грешиме како општество. Ова ќе има последици. Не знаеме кој сите тие пораки ги прима и како ги толкува, но ќе дојде ден кога ќе се соочиме со големи проблеми. Мораме да ја сопреме оваа атмосфера на конфликти”, додаде тој.

На крајот, емотивен беше и самиот Де Бургос Бенгоечеа. “Кога детето ќе дојде од училиште и ќе каже дека му рекле дека татко му е крадец, тоа е многу тешко. Сè што се обидувам е да го научам синот дека татко му е чесен човек, да му покажам што значи да се биде судија. Би сакал сите малку да размислат каде ова води. Навистина е тешко”, рече со солзи во очите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал спрема трансфер од 70 милиони фунти

Една од главните задачи на Арсенал во летниот трансфер период е да доведат одличен напаѓач…