Дома Фудбал Судијата не досуди фаул за Манчестер сити, Пеп звесна: Погледнете ја реакцијата (Видео)

Судијата не досуди фаул за Манчестер сити, Пеп звесна: Погледнете ја реакцијата (Видео)

Фудбалскиот вицешампион на Саудиска Арабија направи голема сензација во текот на Светското клупско првенство, совладувајќи го Манчестер Сити во осминафиналето со резултат 4:3 по продолженијата. Ал Хилал напредува во четвртфиналето, каде ќе игра против Флуминенсе, кој со 2:0 го победи миланскиот Интер.

Шпанските медиуми го истакнуваат моментот од 97. минута на натпреварот меѓу Ал Хилал и Манчестер Сити, односно “изливот на гнев”, како што вели Марка, на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола. Сцената се случи откако Жереми Доку беше соборен на дваесетина метри од голот на Ал Хилал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Судијата Хесус Валензела не покажа црвен картон, а не досуди ниту фаул. Само го свиреше крајот на второто полувреме и навести дека ќе се играат продолженија, што го предизвика гневот на Гвардиола”, објавува Марка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најави ли ФФМ големо засилување во нападот за баражот со Данска?

Дени Мусовски кој е Македонец кој долги години живее во САД како што стојат работите изгле…