Дома Фудбал Судиите во Премиер лигата ќе ги објаснуваат своите одлуки на публиката

Судиите во Премиер лигата ќе ги објаснуваат своите одлуки на публиката

Фудбалските судии во Премиер лигата на Англија ќе ги објавуваат одлуките што ќе ги донесат по прегледот на он-филд-ревју, јавно од следната сезона, информира агенцијата РА.

Како што е познато, системот за видео помош за судиите (ВАР) функционира на две нивоа. Првото ниво се судиите во ВАР собата, кои ги коригираат одлуките на судијата или им помагаат при деликатни ситуации. Кога меѓу судијата на теренот и оние од ВАР собата постои несогласување или различно гледиште дали постои или не прекршок, тогаш судијата на теренот е повикан до монитор покрај страничната линија за т.н. он-филд-ревју.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Одлуката на управното тело на Премиерлигата е резултат на анализата на пробниот период, кој беше воведен во 2023 година на Светското првенство за жени и по дополнителните тестови на финалето за Купот на Англија, Купот на Лигата и финалните плеј-оф натпреварите од Фудбалската лига.

Овој потег има за цел да обезбеди дополнителни информации за навивачите на стадионите и за гледачите пред телевизорите. Менаџерите на екипите од Премиер лигата, како и клубовите, ќе бидат информирани за оваа и други промени на специјалните состаноци пред почетокот на секоја сезона. Всушност, плановите се оваа практика да се разликува малку од досега, бидејќи одлуките за офсајд и редовна позиција нема да бидат објавувани.

Јасно е дека секогаш кога системот ВАР ќе му препорача на судијатa на теренот да ја преиспита одлуката, ќе следи објава, без разлика дали судијата ќе се држи до првичната одлука или не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бекам го купи „телохранителот“ на Меси за 15 милиони евра (Фото)

Интер Мајами официјално го претстави аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Пол кој прис…